Нови 33 случаи на коронавирус во Куманово

09.03.2021 20:36 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово последните 24 часа регистрирани се 33 новозаболени од ковид-19.  На ниво на државата се 872 случаи од направени 3.394 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Нови 33 случаи на коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Изминатото деноноќие се пријавени вкупно 22 починати лица. Починати се 9 пациенти од Скопје (66, 69, 78, 87, 75, 80, 75, 70, 73), 4 пациенти од Прилеп(67, 86, 89, 45), 2 пациенти од Гевгелија(73, 73) и по еден пациент од Тетово (72), Велес (73), Охрид (79), Кочани (72), Кичево (70), Делчево (75) и Струмица (70). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата на нови заболени и активни случаи по градови е следна:

Скопје 459, активни 4.485

Куманово 33, активни 355.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk