Нови 33 случаи на ковид-19 во Куманово

27.10.2020 19:29 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. По гардови во:Скопје 353, Прилеп 36, Велес 34, Куманово  и Тетово 33, Битола 28, Струмица 20, Крива Паланка 6,  Свети Николе 6 и др.

Нови 33 случаи на ковид-19 во Куманово

Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51), еден од Ресен (70), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје 281, Куманово 18, Дебар 12, Тетово 31, Крива Паланка 12 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 238.011 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27827, бројката на оздравени пациенти е 19479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7399.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk