Нови 63 случаи со коронавирус во Куманово

04.11.2020 21:26 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на ковид-19. По градови во:  -Скопје 571, -Тетово 87, -Куманово 63, -Штип 50, -Прилеп 51, -Охрид 49, -Битола 43, -Велес 42, -Гостивар 40, -Струмица 36,-Крива Паланка 3, -Кратово 3, -Свети Николе 7 и др.

Нови 63 случаи со коронавирус во Куманово

Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51), двајца од Штип (80 и 80), еден од Прилеп (65), двајца од Тетово (41 и 66), двајца од Велес (75 и 57), двајца пациенти од Битола (71 и 66) и двајца од Охрид (54 и 73), еден пациент од Гостивар (72), еден од Крушево (81) и еден пациент од Пехчево (53). Од нив, еден е починат вон, станатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: -Скопје 206, -Куманово 15, -Штип 11, -Прилеп 17, -Тетово 11 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35097, бројката на оздравени пациенти е 22024 , на починати е 1071, а бројот на активни случаи изнесува 12002.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk