Нови 8 случаи на ковид-19 во Куманово

11.01.2021 18:48 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19, a направени се 918 тестирања.

Нови 8 случаи на ковид-19 во Куманово

Новите позитивни пациeнти по градови се: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2, соопшти Министерството за здравство.

Тринаесет пациенти починаа од компликации од ковид-19. Четворица пациенти се од Скопје (78, 66, 71 и 68), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50), еден пациент од Велес (74), еден од Охрид (67), еден од Кавадарци (62), еден од Пробиштип (72) и еден пациент од Неготино (78). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти од: Скопје-283, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-36, Тетово-7, Струга-31, Велес-7, Битола-17, Охрид-50, Кавадарци-25, Гостивар-9, Гевгелија-6, Струмица-6, Крива Паланка-3, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-4, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-5, Неготино-11.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид центрите.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.597, бројката на оздравени пациенти е 67.992, на починати е 2.635, а бројот на активни случаи изнесува 15.970. Од вчерашната статистика се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 37515, активни 9794

• Куманово 4890, активни 466

• Крива Паланка 676, активни 102

• Кратово 201, активни 14.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk