Нови апарати во Здравствениот дом

05.03.2012 14:40 | KumanovoNews

 Биохемски анализатот за преглед на крвта и крвните елементи, и апарат за одредување на хемоглобин кај дијабетичари набави Здравствениот дом во Куманово.

Нови апарати во Здравствениот дом

Двата апарати ќе придонесат за зголемување на квалитетот на услугите на кумановските пациенти.

Првиот апарат, биохемиски анализатор е набавен со наши сретства, а вториот е донација од фирмата ЛЕТ. Апаратот што сами го купивме чини 10.000 евра, а донираниот апарат е во вредност од 2000 евра. Со овие два апарати ќе овозможиме побрза работа, а дијабетичерите ќе имаат поголем увид во тромесечно движење на шеќерот во крвта на пациентите- вели директорот Миодраг Панковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk