Нови автобуси во градскиот превоз

27.07.2010 10:37 | KumanovoNews

Се работи за еколошки, ниско-подни возила, кои имаат и лифт за инвалидки колички. Овие автобуси ќе придонесат да се подобри квалитетот на превозот и сообраќајот, но и животната средина.

Нови автобуси во градскиот превоз

  Градскиот превоз во Куманово од минатиот месец е збогатен со 10 современи автобуси. Нови возила на претпријатието „Оли травел„, секојдневно се обраќаат на постоечките линии во населбите „Карпош„, „Зелен Рид„, „Гоце Делчев„, „Железничка станица„, Горно и Долно Којнаре.

Се работи за еколошки, ниско-подни возила, кои имаат и лифт за инвалидки колички. Овие автобуси ќе придонесат да се подобри квалитетот на превозот и сообраќајот, но и животната средина, бидејќи се работи за еколошки возила - вели Оливер Стефановски, генерален директор во „Оли-травел„.

 На почетокот на учебната година ова превозно претпријатие ќе ангажира лица од агенција за обезбедување, кои ќе се грижат за безбедноста на патниците.

Ние претежно превезуваме ученици до училиштата и затоа сакаме да обезбедиме целосна сигурност на нашите патници и нивните родители. Децата  треба да се чувствуваат пријатно, без да се плашат дека ќе бидат провоцирани или нападнати од хулигани - вели Стефановски.

И останатите автопревозни претпријатиа: „Јоцо-турс„ и „Штуз„, работат на модернизирање на возниот парк и од есен ќе пуштат во сообраќај двесетина нови автобуси.Но сопстевниците се жалат дека нелојалната конкуренција и дивите превозници во градот заработуваат на нивeн грб.

Има над 200 диви таксисти во градот кои превезуваат патници за автобуска карта. Тие ни се директна конкуренција, бидејќи поминуваат пред автобусите и ги собираат патниците, а ние возиме празни. Не плаќаат ништо на државата, а користат се што создало општеството. Ги амортизираат патиштата, создаваат сообраќаен хаос со старите и небезбедни  автомобили и комбиња, но никој не ги казнува- нагласува Стефановски.

Превозниците бараат од надлежните институции и полицијата да превземе построги санкции за прекршителите на законот и да воведе ред во градскиот превоз.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk