Нови директори во „Паркинг„ и „Пазариште„

20.06.2013 14:00 | KumanovoNews

 Деновиве се назначени нови в.д. директори во јавните претпријатија “Куманово-паркинг“ и „Пазариште„.

Нови директори во „Паркинг„ и „Пазариште„

Досегашниот директор на ЈП „Пазариште„ Фадиљ Шабани, во наредните четири години ќе го води “Куманово-паркинг“, а на негово место доаѓа Имер Саити, кој работи во „Пазариште„ и до пред 4 години бил заменик директор во претпријатието.

Шабани во „Паркинг„ ќе седна во фотељата на Трајче Трајчевски, кој предходно беше директор и на  кумановските пазари.

 Двајцата новоназначени директори се кадар на ДУИ и стапија на функциите по коалицискиот договор со СДСМ во Советот.

Во поделбата на директорските места на ДУИ му припаднаа и  Домот за стари лица „Зафир Сајто„ и Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ„ за што наскоро се чека смена на првите луѓе.

                                                                           (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk