Нови градинки во Куманово

17.03.2016 13:50 | KumanovoNews

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташковска-Ременски при денешната посета најави дека во Куманово ќе се градат нови детски градинки, бидејќи постоечките не ги задоволуваат потребите на граѓаните.

Нови градинки во Куманово

На работната средба со градоначалникот инициравме неколку проекти помеѓу општината Куманово и Министерството за труд и социјална политика за изградба на градинка. Општината веќе има три можни локации, меѓутоа не се исклучува ни можноста за реновирање на постоечките за да се задоволат потребите и нормативите за сместување на децата, - изјави Ременски.

Градоначалникот Дамјановски најави дека градинките ќе се градат  во населбите каде има најголема потреба за сместување. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk