Нови играчки ќе добијат детските катчиња во парковите во градот

14.03.2019 15:36 | KumanovoNews

Општина Куманово ќе постави нови реквизити за детска игра во Соколанскиот парк, Стариот градски парк и на Градскиот кеј. За набавка на урбаната опрема потрошени се 462.000 денари. 

Нови играчки ќе добијат детските катчиња во парковите во градот

Лулашки и клацкалки ќе бидат поставени на веќе постоечките игралишта и на нови локации во поголемите населби во градот, рече Максим Димитриевски.

Градоначалникот најави дека се планира да се изградат нови игралишта во населбите „Зелен Рид“, „Карпош“, „Иго Тричковиќ“ и „Тоде Мендол“, кои се со најголем број жители во Куманово.

Граѓаните, пред се, родителите постојано бараа општината да инвестира со поставување нови реквизити на детските игралишта, бидејќи на постоечките мини игралишта, речиси сите реквизити се уништени и дотраени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk