Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американскиот амбасадор Џес Бејли и директорката на Кумановскиот музеј Анита Цветановска, денеска на мегалитската опсерваторија Кокино, ја промовираат новата инфраструктура на локалитетот.
Нови патокази, информативни табли, заштитна ограда, мобилна апликација за аудио водење и нова веб страна, во иднина ќе им бидат достапни на туристите кои ќе го посетат Кокино.
“Прекрасно е да се види овој археолошки локалитет, кој кажува многу за историјата на овој регион. Затоа е важно да се зачува во својата автентичност. Почнавме да работиме на поставување на патокази, на инфо-табли и мобилна апликација за да можете да земете самостојна водечка тура, додека сте тука. Сите овие знаци се многу важни за да се сфати астрономското значење на Кокино, но исто така поставена е и ограда, бидејќи некои делови се лесно кршливи заради природата на каменот и важно е да се заштитат. Направени се пред 3000 години и ние сакаме да ги зачуваме уште толку,- изјави амбасадорот.
Проектот е финансирани од УСАИД и Владата на Швајцарија, преку Проектот за експанзија на мали бизниси и Локлната акциона група Абер 2015.
Директорката на Кумановскиот музеј Анита Цветановска, најави дека преку капитален проект на владата ќе подобри патната инфраструктура до Кокино, а најави и уредување на пристапните патеки, изградба на сувенирница, ресторан, мал музеј и оградување на самиот локалитет.
По повод 15 години од откривањето и археолошките испитувања на Кокино, Музејот Куманово утре ќе отвори изложба на експонати во Кумановската галерија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk