Нови книги во Кумановската библиотека

10.08.2015 13:17 | KumanovoNews

Градската библиотека “Тане Георгиевски“ неодамна набави нови 623 книги или 228 наслови од десет издавачки куќи.

Нови книги во Кумановската библиотека

Се работи за белетристика за сите возрасти, од последниот саем на книгата.

“ Има книги за возрасни, за деца, за млади. Најголем дел од книгите веќе се обработени, уште една десетина остана да се обработи и стави на користење на читателите. Има книги од сите литературни жанрови,  тука е современиот македонски роман, светските романи, застапени се најпознатите светски бестселери што се преведени  на македонски јазик. Има криминалистички, авантуристички, љубовни романи, трилери“-изјави Нада Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.

 Набавката чини скоро 200.000 денари. До крајот на годинава ќе има набавка на лектири и уште една набавка на слободна литература.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk