Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Библиотеката „Тане Георгиевски“, го збогати книжниот фонд со 262 нови наслови, односно 832 книги.
„Се работи за редовна набавка на белетристика, што секоја година библиотеката ја врши по завршување на саемот на книгата што се одржува во Скопје и на кој се изложуваат најновите наслови од македонската издавачка продукција и преведена литература, познатите светски бестселери, - изјави директорот Марјан Петковски.
Книгите се набавени од десет издавачки куќи, а потрошени се 245 илјади денари.
Ова е прва од трите набавки на книги што Библиотеката редовно ги врши во текот на годината. Следната набавка е предвидена во месец септември со која ќе бидат опфатени лектири за основно и средно образование, а пред крајот на годината ќе се реализира уште една набавка на белетристика.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk