Нови кружни текови и пешачка зона во централното градско подрачје, најави Петковски

01.10.2021 15:39 | Сузана Николиќ

Кандидатот за советник од иницијативата „За наше Куманово“ Стефан Петковски, на денешната прес-конференција истакна дека сообраќајната инфраструктура е клучниот фактор за непречено движење и функционирање на граѓаните, кои се директни учесници во сообраќајот. 
 

Нови кружни текови и пешачка зона во централното градско подрачје, најави Петковски

Поради тоа, доколку победат на локалните избори ќе реализираат повеќе сообраќајно-инфраструктурни проекти, кои се предвидени во нивната програма. Тој најави изградба на катна гаража во близина на градскиот плоштад (НАМА), подземна катна гаража Чоробенско ќоше во новата општинска зграда, 5 нови кружни текови на клучни локации и пешачка зона во централното градско подрачје.

„Прва фаза 1 е формирање на пешачка зона на дел од улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“ и втора фаза формирање на пешачка зона на дел од улица „Народна револуција“, од раскрсницата со улица „Трета МУБ“ до Комитет и на дел од улица „Ленинова“, рече Петковски.

 Тој додаде дека секоја општина мора да има развиено велосипедска инфраструктура, па најави редефинирање на постоечките сообраќајници и обезбедување на континуитет со движење на велосипед по сигурни и безбедни траси, со формирање на велосипедски прстени.

„Ќе го решиме проблемот со паркирање преку поставување на модуларни еднокатни паркиралишта на локација Берза, на влез во Куманово (паркинг кај фабрика “Искра“), долж згради на булеварот “Октомвриска револуција“ во близина на комплексот згради К4 и К5. Како приоритет во подобрувањето на сообраќајната инфраструктура е реконструкција и изградба на тротоари, ослободување на постојните тротоари од паркирани возила со метални столпчиња и ставање во функција на пешаците, со дополнително поставување на урбана опрема по нивна должина“. заврши Петковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk