Нови лекари во кумановските здравствени установи?

30.01.2012 10:10 | KumanovoNews

 Од најавените 200 вработувања на лекари и медицински персонал во јавни здравствени установи, најверојатно ќе има вработувања во Општа болница и Здравствениот дом Куманово.

Нови лекари во кумановските здравствени установи?

Директорите на двата здравствени центра сеуште немаат информации дали и колку вработувања ќе добијат, но се надеваат дека министерството нема да ги одмине.

Сеуште немаме известување од министерството, но очекувам тоа да се случи во текот на неделата. Се надевам на околу 10 врабитувања, бидејќи толку добивме и минатат година, но би било добро кога бројот би бил и поголем со оглед на тоа што имаме потреба од дваесетина лекари- вели директорот на болницата Ариф Љатифи.

 Директорот на Здравствен дом Миомир Панковски поднел барање до министерството за вработување на 8 лекари, и очекува да добие позитивен одговор барем за неколку.

 Од Министерството за здравство најавија дека ќе се вработуваат главно завршени специјалисти и лекари кои се на последните година на специјализација.Предност ќе имаат лицата кои досега волонтирале во здравствените установи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk