Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нови огласи од мерките за вработување на млади лица до 29 години и други невработени со почнување на бизнис и ангажирање на работници во мали и микропретпријатија се отворени од утре до 22 август.
Младите до 29 години можат да добијат кредит за сопствен бизнис во износ од 7000 евра, а за секое новоотворено работно место им следуваат плус 4000 евра. Ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места или максимален износ од 23.000 евра. Парите треба да се вратат за 7 години со грејс период од 1,5 години, а каматата годишно е 1 отсто.
Сите невработени лица кои активно бараат работа за дејности од помал обем можат да добијат по 3000 евра за новоотворено работно место, со тоа што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места. За дејности од поголем обем ќе се даваат по 5000 евра за кредитобарателот, а за секое новоотворено работно место по 3000 евра, но ќе се одобруваат проекти со најмногу 5 работни места. Кредитот треба да се врати за 3 години со вклучена една година грејс период, а каматата е 1 отсто годишно.
Малите и микропретпријатија можат да вработат луѓе со тоа што за новоотворено работно место ќе добијат 3000 евра, а можат да примат најмногу 3 невработени. Фирмата која ќе ангажира невработен со полно работно време истиот ќе треба да го задржи на работа три години. Парите треба да се вратат за 2 години, а дадена е една година грејс период. Фирмата треба да е регистрирана најмалку една година, да ги има подмирено сите даноци и придонеси и да не е во стечајна постапка или ликвидација, а од друга страна работникот треба најмалку 3 месеци да е невработен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk