Нови препораки за заштита од коронавирус издаде Општинскиот кризен штаб

31.03.2020 15:29 | KumanovoNews

 Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа состанок за превземање на активности и мерки од ширење на болеста Ковид-19 (коронавирус).

Нови препораки за заштита од коронавирус издаде Општинскиот кризен штаб

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  - Се задолжуваат стамбените домари (Вектор плус, Стамбен домар, Стамбен сервис, Проект 142) да вршат дезинфекција на стамбените згради за кои имаат договор за одржување секој ден и хигиената да ја држат на задоволително ниво, а пумпи за дезинфекција ќе добијат од Општински штаб за заштита и спасување,

    - Општински кризен штаб ја задолжува Општина Куманово да достави дополнителна количина на гориво по барање на ЈП „Чистота и зеленило“, кое ќе се користи во постапка за дезинфекцирање,

    - Препорака до МВР редовно да ги контролира банките, пошта и сите места каде се врши исплата на плати и пензии и да се почитува препораката за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2 метри.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk