Нови седум случаи на ковид-19 во Куманово

29.09.2020 20:09 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатите 24 часа регистрирани се  нови седум заболени од коронавирус.

Нови седум случаи на ковид-19 во Куманово

На ниво на државата регистрирани се 112 нови случаи и направени се 1372 тестирања. По градови во: Скопје 46, Струмица 11, Куманово и Битола 7, Струга 6 и др.

Во болнички услови починати се 8 пациенти од Teтово (73), Струмица (58), Делчево (55), двајца од Струга (80 и 74) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти. Од Куманово 8.

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk