Нови шест случаи на ковид-19 во Куманово

28.07.2021 14:33 | Сузана Николиќ

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се шест нови случаи на коронавирус.

Нови шест случаи на ковид-19 во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа регистрирани се 47 нови случаи, од 3.593 тестирања.

По градови во: Скопје – 19, Тетово – 11, Куманово – 6,  Битола – 3, Прилеп, Струмица и Валандово – по 2, Велес и Гостивар по - 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Скопје – 7 и Тетово – 5, Прилеп и Струмица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на ковид-19. 

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk