Нови советници во Советот на Oпштината

27.06.2011 11:24 | KumanovoNews

 Двајца советници од коалицијата за подобра Македонија, Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Стојковиќ од ДПСМ наскоро ќе го напуштат Советот на Општината Куманово.

Нови советници во Советот на Oпштината

Советникот Пачков ќе си замине од функцијата поради добивање на пратеничко место во републичкото Собрание, а Стојковиќ ќе ја задржи функцијата директор во ЈП „Македонија пат„.

 Имаме најава, која мислам дека деновиве е доставена до Советот. Најверојатно на наредната седница на 30 јуни ќе бидат констатирани оставките,  една поради нова должност, а другата поради судир на интереси, така да ќе имаме промена во персоналниот состав на Советот-изјави Виктор Цветковски, претседател на Советот.

Испразнетите места ќе ги пополнат Небојша Томовиќ од ДПСМ и Наташа Тошевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk