Нови вработувања во ЈП “Козјак“ во Старо Нагоричане

06.02.2015 09:31 | KumanovoNews

Пет нови вработувања се реализирани во последниве неколку месеци во јавното комунално претпријатије “Козјак“ во општина Старо Нагоричане.

Нови вработувања во ЈП “Козјак“ во Старо Нагоричане

Вработени се книговодител, благајник, електричар, кафекуварка и инкасатор. Од “Козјак“ објаснуваат дека им се зголемува опфатот на надлежности и затоа им се неопходни нови вработувања.

“Со новите вработувања имаме вкупно 13 вработени. Имаме повеќе работа, бидејќи почнавме да ги преземаме локалните водоводи кои порано беа под месните заедници. За година дена преземавме 2-3 водоводи. Работиме на усовршување на водоводите со автоматика. Ја одржуваме и бањата Стрновац, ја покривме и уредивме“ - вели Борко Соколовиќ, директор на “Козјак“.

Соколовиќ објаснува дека располагаат со две возила, а во иднина  се планира набавка на ново теренско возило.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk