Нови вработувања во Општата болница Куманово

28.11.2013 15:03 | KumanovoNews

4 лекари, 8 медицински сестри, 1 акушерка и 1 возач ќе бидат примени во Општа болница Куманово.

Нови вработувања во Општата болница Куманово

Огласот трае до утре, а за новите работни места се пријавиле голем број кандидати.

Огласот е за 4 лекари по општа медицина, но ако се јават специјализанти уште подобро. Новиот персонал ќе биде распределен на гинекологија, хирургија и интерно одделение. По завршување на конкурсот, ќе има професионален тест и тест по англиски јазик со што ќе се направи селекција. - вели Ариф Латифи, директор на Општа болница Куманово.

Тој додава дека лекарите кои ќе бидат примени ќе одат на специјализација како што се планира и за другите градови во земјава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk