Нови вработувања во затворот Куманово

19.12.2018 11:31 | KumanovoNews

 Казнено поправната установа - Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка ќе вработи 16 лица на неопределено време.

Нови вработувања во затворот Куманово

Огласот за вработување на 10 затворски полицајци е веќе објавен, а огласот за административците ќе биде пуштен до крајот на неделата. И полицајците и административните работници треба да исполната основни и посебни услови пропишани со закон.

- Примарна цел на новите вработувања е подобро функционирање на затворот, пред се во делот на безбедноста, но и во делот на ресоцијализација на осудените лица, како и во административното работење на институцијата. Тоа значи подобра екипираност на затворските служби, - изјави директорот Марјан Спасовски.

 Заинтересираните кандидати документите можат да ги достават по пошта или лично во Затвотот Куманово, во селото К`шање.

Полициски службеници:

1.Виш надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Затворска полиција – Помошно – стручен припадник на затворска полиција од прво ниво, со шифра ЗАТ0204В01001, Ниво В1, звање Виш надзорник – 5 (пет) извршители. Паричен износ на нето плата за работното место е 18.531,00 денари;

2.Помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Затворска полиција – Помошно – стручен припадник на затворска полиција од четврто ниво, со шифра ЗАТ0204В04001, Ниво В4, звање Помлад надзорник – 5 (пет) извршители. Паричен износ на нето плата за работното место  е 14.902,00 денари;

II – Општи услови:

-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

III – Посебни услови за работното место:

За работното место под реден број 1:

- ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според  Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити, според ЕЦБЕТ или МКСОО или најмалку више или средно образование;

- најмалку 3 години работно искуство во струката;

За работното место под реден број 2:

- ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според  Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити, според ЕЦБЕТ или МКСОО или најмалку више или средно образование;

- без работно искуство;

 Огласот е објавен во дневните весници “Нова Македонија”, “Слободен печат“ и “Лајм” на 17.12.2018.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk