Нови вработувања во Здравствениот дом Куманово

21.02.2015 11:10 | KumanovoNews

Во Здравствениот дом Куманово постојано вработување ќе добијат 18 лица, од кои девет се волонтери кои веќе се ангажирани во установата.

Нови вработувања во Здравствениот дом Куманово

Меѓу нововработените се тројца лекари, една медицинска сестра и пет возачи.  Оние кои ќе го положат испитот по англиски јазик и стручниот испит ќе бидат примени на работа.

“ Еден лекар ни треба за рурални средини и два доктора се потребни за во Брза помош. Сестра ни треба за затворот во Кшање и овие возачи што се по договор, конечно ќе се вработат“ - изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.

Панковски вели дека и деветте волонтери: медицински сестри, лаборанти, хигиеничарки и книговодител се меѓу оние кои ќе добијат решенија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk