Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нови дојави за бомби има во осум основни и средни училишта во Куманово. Заканувачките порака пристигнале по електронската пошта на службените мејлови на училиштата за време на големиот одмор во втората смена.
Како што дознаваме, наставниците ги евакуирале децата, а екипи на МВР се на терен и ги обезбедуваат училиштата.
„Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и 8 во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.
Дојава за пометнати бомби има во основните училишта „Кочо Рацин“, „Браќа Миладиновци“ и др.
„Досега се нема случено да добиеме мејл пред крајот на нашето работно време. На 15 декември тоа се случи веднаш после големиот одмор, а денеска кога голем дел од децата беа надвор од зградата на голем одмор. Пораката е примена во 14.57 и со долго ѕвоно ги информиравме учениците“, вели Лидија Пешевска директорка на ООУ Кочо Рацин.
Пред две недели лажна дојава за бомби во основните училишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и гимназијата „Гоце Делчев“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk