Нови жаришта на коронавирус во Куманово и Лопате

13.06.2020 13:40 | KumanovoNews

Две нови жаришта на коронавирус се откриени во Општина Куманово, соопштуваат од Центарот за јавно здравје во Куманово.

Нови жаришта на коронавирус во Куманово и Лопате

 Од 17 новозаболени кои се регистрирани во изминатото деноноќие, 15 се од нови кластери во селото Лопате и во градското подрачје на Куманово, а  двајца од Липковско, од селата Матејче и Ваксинце.

„Денеска се направени 62 тестирања, по пола во двете општини. Во Куманово тестирањето се одвива без проблеми, додека во Липковско имаме 3-4 семејства, кои имале контакт со заболени, а веќе по вторпат одбиваат да се тестираа“, вели Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

 Од Куманово денеска е регистриран еден оздравен пациент.

Во Кумановско и Липковско досега вкупно има 635 заболени од коронавирус, а активни се 216 лица.

Во последните 24 часа регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19 во државата, од направени 1213 тестирања. По градови: Скопје 90, Куманово 17,  Штип 5,  Прилеп 1, Тетово 45, Струга 8,  Велес 1, Битола 4, Охрид 11, - Гостивар 8,  Крива Паланка 1, Пехчево 2, Свети Николе 1 и  Ресен 2.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk