Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новинарите мора да имаат подобри услови за работа кадешто ќе можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска, порача градоначалникот Максим Димитриевски, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите - 3 мај.
„Доколку сакаме да одиме напред како општество, како сите напредни земји тогаш неопходно е да се трудиме постојано да ја унапредуваме слободата на изразување. Новинарите мора да имаат подобри услови за работа, секогаш да можат слободно и без никакви притисоци, навреди и уцени да ја извршуваат својата професионална обврска. Убавината на демократијата значи вреднување на различни размислувања и подобрување на општествените процеси преку конструктивна критика. Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е потсетник никогаш да не скршнеме од тој пат. Да им овозможиме достоинствени услови за работа на сите новинари и медиумски работници“, изјави Димитриевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk