Новинарите нема да потклекнуваат на притисоци

26.05.2011 14:24 | KumanovoNews

Работна група на Здружението на новинарите на Македонија денес пред кумановските новинари организирани во Регионалниот центар на ЗНМ во Куманово го презентираше Прирачникот за покривање на изборите изработен врз основа на правилата на Меѓународната федерација на новинари.

Новинарите нема да потклекнуваат на притисоци

 Тука не станува збор дали некој медиум подржува една или друга страна, туку за класичното информирање од изборната кампања и за денот на изборите како се одвива гласањето. Новинарите се тие кои мораат да ги познаваат регулативите и да ги знаат првата кога одат да известуваат од избори, а при тоа да не може некој да ги ограничува и да ги заплашува, со што ќе им ја отежнува работата- вели Тамара Грнчаровска, член на Управен одбор на ЗНМ.

Целта на Прирачникот и на Изборниот информатор како придружен документ е на новинарите и дописниците да им се олесни известувањето од изборите за да не запаѓаат во замките на политичарите кои се борат за власт на претстојните парламентарни избори на 5 јуни. Во Прирачникот и изборниот информатор се опфатени најбитните членови од Изборниот законик и други поединости што во текот на изборната кампања и на самиот ден на изборите на новинарите ќе им помогнат да известуваат во склад со законските прописи и со Стутотот на ЗНМ и Кодексот на новинарите.

На средбата во Куманово новинарите разменија мислења и изградија став дека се спремни во текот на изборната кампања што, патем речено, стартуваше со размена на доста валкана вокабулација меѓу политичките ривали, да известуваат чесно, професионално и непристрастно и да излезат чисти како професија и од овие избори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk