Новинарите со акредитација на седница на Совет

20.08.2015 14:29 | KumanovoNews

Новинарите ќе треба да се акредитираат за присуство на седниците на Советот на општина Куманово.

Новинарите со акредитација на седница на Совет

Следната седница на Советот е закажана за 26 август, но за понатаму акредитацијата ќе биде задолжителна. Оваа новина се воведува за да однапред се испланира колку места се потребни за претставници на медиуми. Новинарите ќе треба да се акредитираат кај службите за поддршка на Советот.

Ние имаме простор во кој можеме да сместиме максимум 50 луѓе. Во одредени моменти се јавува потреба за поголемо присуство на новинари на самите седници, што е за пофалба. За да се надмине овој проблем и сите останати технички проблеми, јас би сакал заедно со претставниците на медиумите да го дефинираме сигурниот број на присутни новинари на седници. Да воведеме акредитација за секоја медиумска куќа, за да определиме одреден број на места во самата сала - изјави Максим Димитриевски, претседател на седница на Советот на општина Куманово.

До 11 ноември се очекува да се реновира големата сала во комитет, каде ќе има и галерија за новинари и подобри услови за работа за сите присутни на седниците на Советот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk