Нoвинарите утре бираат ново раководство

10.12.2010 08:20 | KumanovoNews

 458 редовни членови на ЗНМ ќе можат да учествуваат на Изборното собрание и да бираат еден од предложените кандидати за претседател и телата на здружението.

Нoвинарите утре бираат ново раководство

 Тричлената Комисија ги разгледа сите барања за членство и во моментов ЗНМ има 458 редовни членови, 57 придружни, 11 барања се одбиени, а 12 новинари се кандидати за членови на чекање поради тоа што не го исполлнуваат условот за една година континуирано работно искуство,објавија од ЗНМ.

Од Куманово 13 членови на ЗНМ имаат право да присуствуваат на собранието.

Кандидати за претседател на ЗНМ се Жарко Јорадновски, Мира Костиќ, Менде Младеновски, Назим Рашиди, Насер Селмани и Алјоша Симјановски.

Првично Изборното собрание требаше да се одржи на 20 ноември, но беше откажано поради големиот број новопријавени кандидатури за членови на ЗНМ и нелегални пријави на денот на изборот кога требаше да се изгласа ново раководство - претседател, Управен и Надзорен одбор, како и Совет на честа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk