Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад

08.11.2013 07:34 | KumanovoNews

 Кумановскиот новинар Зоран Божиновски синоќа е уапсен во Србија, пренесуваат скопските портали.

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад

Тој бил приведен во Нови Сад во 21 часот, по што било известено и македонското МВР. Од таму за  Press 24 ја потврдиле информацијата и рекле дека Божиновски е изведен пред надлежниот судија по што ќе следи официјална идентификација.

Соред процедурата МВР треба да добие и писмено известување и да ја започне постапка за екстрадиција.

Зоран Божиновски од Куманово пред 5-6 години се исели со семејството во Србија . Од пред неколку месеци во Македонија се бара како еден од осомничените во случајот Шипон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk