Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од новиот претседател граѓаните очекуваат нови работни места за младите, подобрување на економијата, влез во ЕУ и НАТО.
Како што јас си ја знам мојата работа, така и претседателот треба да си ја знае неговата работа. Си има задачи и обврски кои треба да си ги исполни. Јас се надевам дека ќе биде подобро. Највеќе ни требаат вработувања за младите, но секоја следна година ќе биде поуспешна - вели Ѓокица Тасевски, граѓанин.
Граѓаните се оптимисти дека новиот претседател ќе донесе посветла иднина за земјата.
Моментално најдобро е да влеземе во НАТО. Децата не ми работат и внуците се со факултет и не се вработени, па здравје ако имаат среќа ќе се вработат. Јас сум оптимист и верувам дека ќе биде подобро - рече Бранко Тодоровски, граѓанин.
Мир, просперитет, подобрување на стандардот очекуваат граѓаните од идниот шеф на државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk