Новиот Ургентен центар ќе се гради до стариот

27.03.2015 10:02 | KumanovoNews

Новиот Ургентен центар ќе се гради до стариот објект, на просторот каде e паркот во кругот на болницата.

Новиот Ургентен центар ќе се гради до стариот

Ургентниот центар ќе биде со површина од 600 квадрати, ќе има приземје и еден кат.  Во новиот објект ќе бидат сместени хируршката и интерната амбуланта , како и современа опрема рентген апарат, ехо и лабараторија.

“Ќе се избере изведувач и ќе почне да се гради. Околу јуни или јули годинава очекувам работите да почнат. Според планот очекувам да се гради една година и во јуни 2016 година објектот да биде ставен во функција. Новиот Ургентен центар, ќе биде модерен, современ објект со поголем простор, и пациентите ќе можат повеќе работи да завршат на едно место, во иста зграда“- рече Ариф Латифи, директор на Општа болница Куманово.

Изградбата на новиот Ургентен центар ја најави министерот за здравство, Никола Тодоров при последната посета во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk