Кумановец пријавен за исчезнат

26.12.2022 13:43 | KumanovoNews

Самир Салиевски од Куманово од вчера (недела) е пријавен за исчезнат. Случајот во полиција го пријавиле од семејството.

 

 

 

Кумановец пријавен за исчезнат

„Вчера во 22.00 часот во СВР Куманово, С.С.(21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С.(35) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти СВР Куманово.

Од семејството ги молат сите граѓани доколку имаат било каква информација во врска со оваа лице да пријават во најблиската полициска станица или на контакт телефон 071 329 068.

С. С. последен пат бил виден на патот кон кумановската населбата Доброшане

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk