Ново осветлување на Градскиот плоштад во Куманово

11.09.2018 10:23 | KumanovoNews

 Проектот предвидува замена на постоечките и поставување на нови столбови и сијалици кои ќе го подобрат осветлувањето на двата плоштади.

Ново осветлување на Градскиот плоштад во Куманово

Градскиот плоштад во Куманово ќе добие ново осветлување. Проектот предвидува замена на постоечките и поставување на нови столбови и сијалици кои ќе го подобрат осветлувањето на двата плоштади.

- Ќе се постават 60 метални столбови високи 4 метри на двата плоштада. Реализацијата на проектот ќе започне до крајот на месецот, а проектот ќе чини околу 3 милиони денари. И Куманово ќе добие осветлување како големите метрополи, -  изјави Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово-паркинг“.

Канделабрите што сега се наоѓаат на плоштадот, откако ќе се поправат, ќе се наместат на Градскиот кеј.

- Во изминатиот период Кејот не беше доволно осветлен затоа што канделабрите беа оштетени или украдени. Значи со овој проект истовремено ќе бидат уредени плоштадот и кејот, - додава Шабани.

Во наредниот период ќе се работи и на замена на обичните со штедливи светилки во јавното осветлување во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk