Новогодишен базар во “Крсте Мисирков“

26.12.2014 12:25 | KumanovoNews

Во основното училиште “Крсте Мисирков“ денеска се одржа новогодишен базар на кој се продаваа новогодишни украси.

Новогодишен базар во “Крсте Мисирков“

На тезгите можеа да се видат рачноизработени честитки, лампиони, колачи, Дедо Мразовци и друго. Парите собрани од продажба на новогодишните украси ќе бидат употребени за потребите на децата.

“Во акцијата се вклучија одделенските наставници и ученици од нашето училиште, при што изработија најразновидни предмети и украси кои денеска ќе бидат продадени на базарот. Средствата кои што ќе бидат соберени од оваа продажба ќе бидат наменети за дечињата од нашето училиште кои потекнуваат од помалку ситуирани семејства за да им купиме новогодишни подароци и заедно да прославиме“ - вели Александар Саздевски, директор на “Крсте Мисирков“.

Паралелно училишниот хор одржа новогодишен концерт при што беа изведени македонски и странски песни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk