Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во маркетот „Туш“ денеска и утре се одржува новогодишен продажен базар.
Се продаваат новогодишни украси, лампиони, снешковци, елки, а средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за функционирањето на Дневниот центар „Порака наша“. Украсите ги изработија корисниците на „Порака наша„ и учениците од средното училиште „Наце Буѓони“.
„Оваа година ќе имаме дводневна продажба, денеска и утре од 12 до 15 часот, ќе се продаваат изработените украси од корисниците на „Порака наша“ и нашите ученици. Луѓето купуваат, има заинтересираност и се случува секоја година сè да се продаде. Се надеваме дека истото ќе биде и оваа година“-рече Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, професор по здравствена струка предмети во „Наце Буѓони“.
Учениците кажаа дека две недели се подготвувале за овој базар.
„Имаме снешковци, честитки, елки. Бидејќи сето тоа го работиме со љубов, ништо не беше тешко да се направи. Ова го работиме координирано половина месец“-вели Анѓела Петковска, ученичка.
Учесниците на новогодишниот базар на менаџерката на маркетот „Туш“ и доделија благодарница, затоа што со години соработуваат. Базарот со хуманитарен карактер се одржува неколку години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk