Новогодишен коктел во општина Куманово

30.12.2014 12:55 | KumanovoNews

Во просториите на општина Куманово денеска се одржа новогодишен коктел за новинарите, директорите на јавните претпријатија и училиштата,  и раководители на сектори.

Новогодишен коктел во општина Куманово

На сите нив градоначалникот Зоран Дамјановски им ја честиташе Новата година со желби за здравје, среќа и бериќет.

“Секогаш пред Нова година се собираме со цел да си посакаме, Новата година да ни биде поуспешна и да имаме поголем успех во заложбите за реализирање на желбите на граѓаните. На сите ви посакувам среќни Новогодишни и Божиќни празници, успешна работа и поголема медиумска слобода “ - изјави градоначалникот.

Тој се надева дека 2015 година ќе биде успешна за Куманово и Република Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk