Новогодишен коктел во СДСМ

27.12.2014 12:03 | KumanovoNews

Општинската организација на СДСМ, синоќа во партиските простории организираше новогодишен коктел.

Новогодишен коктел во СДСМ

На прославата присуствуваше и лидерот на СДСМ Зоран Заев, генералниот секретар Оливер Спасовски, градоначалникот Зоран Дамјановски, општинското раководство, членови и симпатизери на партијата. Присутните ги поздрави им ги честиташе новогодишните и божиќни празници претседателот на огранокот Мартин костовски.

Во оваа година неминовно е да се спомне изборниот циклус кој го запаметивме и го дочекавме подготвени. Подeливме нови 350 книшки а тоа значи подмлaдување на партијата, организиравме пикникот и Црвениот ноемвриски марш по повод 70 години слободно Куманово, кој што беше многу успешен. Се надевам дека и 2015 година ќе је дочека подготвени на политички план и мислам дека крајно време е СДСМ да дојде на местото кое што го заслужува, на власт на централно ниво, -истакна Костовски.

Генералниот секретар смета граѓаните 2014 година ќе ја паметат како многу лоша година на економски и политички план.

Мислам дека 2014 беше безнадежна година во која многу млади луѓе ја напуштија Република Македонија. Сакам и посакувам сето ова да остане зад нас. 2015 година да биде година на надеж, храбост меѓу граѓаните на Македонија, година на перспективи и промени на секое семејство во Македонија. Нека ги следи многу среќа и здравје сите граѓани и заеднички да се избориме за иднината на оваа држава,- изјави Спасовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk