Новогодишен концерт на класична музика во Центарот за култура

26.12.2024 09:24 | KumanovoNews

Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва со почеток во 18 часот ќе се одржи новогодишен концерт на учениците од одделот за дувачки инструменти на средното музичко  „Илија Николовски- Луј“ од Скопје.

Новогодишен концерт на класична музика во Центарот за култура

„Ова е уште една презентација на музичката уметност, а се одлучивме за концерт на кларинет, флејта, труба, фагот како освежување пред празниците. Дувачкиот одел на музичкото училиште има програма, која досега многу пати ја изведувале, а се надеваме дека ќе ужива и кумановската публика“, истална Александар Митрички, музички соработник.

Ќе бидат изведувани дела од Моцарт, Камиј Сен- Санс, Виторио Монти, В. Семјонов, Шуман, Скарлати, Линдпентнер. Програмата е креирана со помош на уметничките соработници во училиштето, а учениците се од класите на Цветан Пијанечки, Љупчо Колевски, Горан Зафировиќ, Наташа Еленова, Кристијан Христовски и други.

Концертот е последен музички настан за ова година.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk