Новогодишна честитка на градоначалникот Максим Димитриевски

01.01.2021 21:13 | KumanovoNews

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на своите сограѓани им ја честиташе Новата 2021 година.

Новогодишна честитка на градоначалникот Максим Димитриевски

„Ја испраќаме 2020 година, година на големи предизвици, година во која лошото се обиде да го покрие доброто. Но, ние, сепак, успеваме, пркосиме и победуваме. Влегуваме во 2021-та година и во овој момент жалиме за сите изгубени човечки животи и сочувствуваме со семејствата, кои што имаат загуби. Но, сепак, кумановци продолжуваат да се борат. Посакувам нови успеси за сите во 2021 година. Нова инфраструктура којашто ќе даде европски лик на Куманово, со реконструирана Соколана, Спомен костурница, нови зелени површини, нови улици, патишта, нови кружни текови. Тоа е нашата обврска. Затоа сите заедно сплотени, во духот и темпераментот на кумановци, продолжуваме до конечната победа. Во оваа прилика сакам да ви ја честитам Новата година, да ви посакам многу здравје, успех и солзи радосници во секој дом. Одиме до крај, за наше Куманово.Среќна Нова 2021 година на сите!, - стои во честитката на градоначалникот Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk