Новогодишна честитка од градоначалникот Димитриевски

31.12.2018 15:39 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати новогодишна честитка до граѓаните на Куманово.

 
Новогодишна честитка од градоначалникот Димитриевски

Почитувани сограѓани, сакам најтопло да ви ја честитам Новата година со најискрени желби. Посакувам оваа година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца. Заедно да придонесеме во исполнувањето на новите предизвици и да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница. Ви посакувам успешна година исполнета со многу здравје, радост и бериќет, - стои во честитката од градоначалникот Димитриевски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk