Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во МКЦ „Козјак“ во петок во 19 часот, културно-уметничкото друштво “Панче Пешев“ ќе одржи новогодишна фолклорна вечер.
Гости на вечерта се фолклорен ансамбал “Битола“ од Битола и фолклорно студио “Етнос“ од Скопје, а како солисти ќе настапат Маргица Антевска, Мартинијан Кириловски и Милена Стројмановска.
“Ги повикуваме сите граѓани, да дојдат да присуствуваат на концертот бидејќи влезот е слободен“-вели Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на “Панче Пешев“.
Помагател на фолклорната вечер е ресторанот “Грација“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk