Новогодишни пакетчиња за болните дечиња

24.12.2018 11:16 | KumanovoNews

Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска однесе подароци на дечињата сместени на детското одделение во Општа Болница Куманово.

Новогодишни пакетчиња за болните дечиња

Во присуство на Дедо Мраз на дечињата им беа поделени новогодишни пакетчиња.

 На сите дечиња им посaкуваме што побрзо да закрепнат, што помалку да доѓаат овде, и да израснат во одговорни граѓани, кои ќе се грижат за своите родители и за својата држава - изјави Димитриевски.

На традиционалното делење на новогодишни пакетчиња, градоначалникот им ја честиташе Новата 2019 година и упати благодарност за посветеноста во работењето до лекарскиот тим и персоналот.

Во името на вработените се заблагодари директорката на Општа болницата Снежана Захариева, која кажа дека на ова одделение е многу фреквентно и се работи 24 часа, но притоа посака во Новата година дечињата да имаат многу здравје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk