Новогодишни пакетчиња за децата од ранливите семејства

28.12.2020 20:24 | KumanovoNews

 Општина Куманово и оваа година обезбеди новогодишни подароци за децата од ранливите семејства и за центрите за лица со пореченост.

Новогодишни пакетчиња за децата од ранливите семејства

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска однесе пакетчиња за децата без родители, како и корисниците во дневните центри „Порака Наша“ и „Лица со посебни потреби“, детското одделение во Општата болница и Здружение за глуви и наглуви и деца Роми.

Годинава, поради здравствената криза, Дедо Мраз не се сретна со дечињата, туку пакетчињата ги предаде на вработени во институциите.

Тие се заблагодарија што и покрај кризата не ги заборавија и посакаа многу здравје на сите во Новата година.  

Дедо Мраз се прошета и низ кумановските улици и внесе радост меѓу децата и возрасните, им подели подароци и едукативни флаери да се грижат за сопственото здравје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk