Новогодишниот пазар останува на плоштадот

07.12.2011 15:00 | KumanovoNews

 Вака одлучиле општинските надлежни служби, откако продавачите најавија дека ќе штрајкуваат ако ги дислоцираат на друго место во градот.

Новогодишниот пазар останува на плоштадот

Продавачите на новогодишни украси и текстил ќе останат на малиот плоштад пред Центарот за култура. Вака одлучиле општинските надлежни служби, откако продавачите најавија дека ќе штрајкуваат ако ги дислоцираат на друго место во градот. Задоволни од одлуката тие утринава ги поставуваа тезгињата.

 Вчера попладне нашиот преставник ни кажа дека тука ќе не остават да продаваме. Единствено бараат од нас да ги поставуваме тезгите на плочникот, а не на зеленилото во паркот за да не се уништува. Малку ќе биде тесно помеѓу тезгите, но како било, само да не не бркаат повеќе- велат продавачите.

Новогодишниот пазар ќе остане во наредните 30 дена, а продавачите уште не ја знаат цената на закупнината што треба да ја платат. Општината и оваа година не набави унифицирани тезги за оваа намена, за да се отстрани градата слика од најлони, картони и даски во центарот на градот во пресрет на празникот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk