Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници од Националниот ромски центар (НРЦ) Куманово, ќе учествуваат на маршот посветен на жртвите Роми од Втората светска војна, кој ќе се одржи задутре (3 август) во Скопје.
Од организацијата ги повикуваат граѓаните да се приклучат на маршот, и да оддадат почит на сите жртви во големиот геноцид.
- Веќе сме 2018 година, но сеуште Ромите не се прифатени во заедницата како сите други. Причината е моменталната состојба во цивилизираната Европа, особено во Италија и Украина. За да ги зацврстиме и ги запомниме нашите човекови права, бидете дел и покажете почит кон жртвите, - вели Ахмет Елезовски од НРЦ.
Маршот е закажан во 9.30. часот, а ќе тргне од пред Главната пошта во Скопје.
Вакви маршеви ќе се одржат во повеќе европски земји.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk