НРЦ подели хигиенски пакети за бебиња

21.12.2016 11:38 | KumanovoNews

 140 пакети со пелени и козметички производи се поделени на родителите на бебиња Роми, кои се родени во текот на 2016 година во Куманово, Штип, Кочани, Велес, Прилеп и Кичево.

НРЦ подели хигиенски пакети за бебиња

Помошта е дел од проектот „Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија“ со финансиска поддршка од „Ние дејствуваме“.

„Секој пакет содржи пелени Џамбо, шампон и купка, детска витаминска маст, инстант чај од сладок анасон за доенчиња и мали деца, бекутан влажни марамчиња, маст со рибино масло и детски сапун.Алкалоид покажа голема професионалност и хуманост и за ромските бебиња подари дополнително 200 пакувања влажни марамчиња и 600 пакувања детски чај. Ги поканивме младите родители на бебиња родени во 2016 година за им подариме пакет производи од линијата „Бекутан“ на Алкалоид, - соопштуваат од Националниот ромски центар.

Досега се поделени 140 пакети за новороденчиња, а наредната годината ќе бидат поделени уште 60 пакети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk