Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот Ромски Центар (НРЦ), денеска потсети на масовните убивања на Ромите за време на Втората светска војна, по повод 2 август Интернационалниот ден на сеќавање на жртвите.
Холокаустот на Ромите се одбележува во Европа во знак на сеќавање на над 3.000 убиени Роми во концентрациониот логор во Аушвиц.
„Ромите биле убивани во гасни комори во повеќе концентрациони логори, многу починале од исцрпеност од тешка работа, болести и глад. Во некои места до крајот на Втората светска војна не останал ниту еден Ром“, - рече Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ.
Тој истакна дека ромската заедница отсекогаш била изложена на дискриминација и расизам и покрај тоа што Ромите се мирољубив народ, не се поттикнувачи на војни ниту пак на терористички акти. Но тие се едниствени на балканските земји кои не добиле обештетување за претрпената штета, како што е случај во останатите држави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk