Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот ромски центар започна да го реализира проектот „Рана превенција-спасува животи“, со кој ќе бидат опфатени жени од Куманово и Кочани.
Во двата града во работилници ќе бидат вклучени 70 жени, а вкупно 500 ќе бидат опфатени со едукативниот дел. Проектот ќе се спроведува во три компоненти, а целта е да се намали смртноста на доенчињата и сите жени да имаат еднаков пристап до здравствени услуги.
Правата компонента е подигнување на капацитетите на НРЦ, при што ќе се подигнат и подобрат и капацитетите на заедницата. За тоа ќе имаме посебен метод што ќе го изучуваме и ќе имаме можност да го мониторираме и да ја зајакнуваме заедницата. Второто ниво на кое што ќе работиме е работа во заедницата, но преку работилници каде што Ромките ќе бидат едуцирани за своите здравствени права, но исто така и ќе бидат едуцирани за одредени перинатални здравствени услуги. Третото ниво ќе биде застапување, а застапувањето ќе се однесува на акушерската нега, она што НРЦ планира да го направи е една кратка анализа за реалната состојба со акушерството во Република Македонија и ќе бидат ангажирани посебни експерти по тоа прашање - изјави Себихана Скендеровска, координатор на здравствена програма во НРЦ.
Целна група се жени од ромска националност кои се социјално загрозени. Проектот ќе трае до ноември годинава и е поддржан од Ромската здравствена програма од Будимпешта и Фондација отворено општество Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk