НРЦ започнува караван за домување

08.10.2015 10:41 | KumanovoNews

Националниот ромски центар во партнерство со повеќе ромски организации од Македонија, спроведува караван насловен како “Домувањето е повеќе од 4 ѕида и кров“.

НРЦ започнува караван за домување

Акцијата се спроведува во девет општини: Карпош, Шуто Оризари, Крива Паланка, Битола, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип, и тоа преку реализација на кампања за поттикнување на граѓанско учество на локално ниво за хуманизација и урбанизација на населби во кои живеат Роми. 

Акцијата за застапување ќе вклучува барање од граѓани за промена на јавни политики за адекватно домување и урбанизација.  Документарниот филм „Домувањето е повеќе од 4 ѕида и кров“ ќе биде прикажан низ девет ромски населби во Македонија, како дел од патувачки караван чија цел е унапредување на правото на адекватно домување на Ромите,  преку влијание на политиките на локално и национално ниво. Со спроведување на кампањата за урбанизација и акцијата за застапување за правилни и законити решенија,  во  постапките  за  легализација  ќе  се  направат  повидливи  специфични  прашања  кои  го засегаат  домувањето  и  ќе  се  зголеми  свесноста  на  граѓаните  за  нивното  учество  во  процесот  на донесување на одлуки - наведено е во соопштението од НРЦ. 

Проектот се реализира со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество Македонија, како и од програмата Европа за граѓаните на Европската Комисија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk